27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Чешка се намали на 7,9 проценти

Стапката на невработеност во Чешка се намали на 7,9 проценти

cheshka2

Според најновите податоци од Заводот за вработување невработеноста во Чешка во април, бележи намалување за 0,4 поени на 7,9 проценти, а без работа се 574.908 луѓе, јави дописникот на МИА од Прага.

Трендот на намалување на невработеноста во Чешка започна во јануари кога ја имаше достигнато најголемата вредност во историјата на земјата, 8,6 проценти, а се должи на сезонската работа и закрепнувањето на чешката економија.

Бројот на слободни работни места во април изнесува 44.246 и за едно работно место во моментов има 13 кандидати.

Според Европската статистичка служба, Евростат, невработеноста во Чешка се уште е под европскиот просек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП