3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајинспиративните цитати на Стив Џобс (видео)

Најинспиративните цитати на Стив Џобс (видео)

stivdzobsdk409ur9043

Стив Џобс се памети не само по тоа што беше на чело на неверојатно успешната компанија „“, туку и по тоа што тој беше извонреден говорник. Еве кои се неговите најинспиративни зборови…..

 

Креативноста само ги поврзува работите. Кога ќе ги прашате креативните луѓе како нешто направиле, тие чувствуваат малку вина, бидејќи всушност не го направиле, туку само виделе нешто, а по одредено време тоа станува очигледно за нив.

Сваќањето дека еден ден ќе умрете е најдобриот начин кој го знам за да се избегне замката на размислување дека имате нешто да изгубите. Веќе сте голи. Нема причина да не го следите вашето срце.

– Бидете мерка за квалитет. Некои луѓе не се навикнати на средина во која совршеноста се очекува.

– Не можете да ги поврзете точките гледајќи напред, можете да ги поврзете само гледајќи наназад. Значи дека мора да верувате во нешто, во своето чувство, судбина, живот, карма, било што. Ваквиот пристап мене никогаш не ме изневерил и тој направил промени во мојот живот.

– Вашата работа ќе исполни поголем дел од вашиот живот, а единствен начин да бидете навистина задоволни е да го работите она за што верувате дека е сјајна работа. А единствен начин да обавите сјајна работа е да го сакате она што го работите. Ако тоа сеуште не сте го пронашле, продолжете да барате. Ќе почувствувате кога ќе го најдете. Тоа ќе биде се подобро и подобро како поминуваат годините. Затоа продолжете да барате додека не го пронајдете. Не престанувајте.

– Да бидете најбогатиот човек на гробиштата за мене ништо не значи… Да заминувате секој ден во кревет со мисла дека сте направиле нешто чудесно…тоа е она што мене ми значи.

– Јас сум подеднакво горд на работите кои не сме ги направиле исто како и на работите кои сме ги направиле. Иновацијата е да знаете да кажете НЕ на илјадници нешта.

– Ако нешто работите а тоа не испадне баш добро, тогаш би требало нешто друго да работите, а не да се жалите премногу поради тоа. Само одлучете што ќе биде следно.

– Добивањето на отказ во „Apple“ е најдобрата работа која некогаш ми се случила. Тежината на успехот е заменета со леснотија што повторно сум на почеток. Тоа ме ослобди да влезам во еден од најкреативните периоди од мојот живот.

– Квалитетот е поважен од квантитетот. Еден „home run“ е многу подобар од освојување два пати по две бази.

– Кога имав 17 години прочитав еден цитат кој гласеше вака: Ако го живеете секој ден како да ви е последен, еден ден најверојатно ќе бидете во правo. Тоа остави впечаток на мене, и од тогаш , во последните 33 години, секое утро се погледнувам во огледало и се запрашувам: Кога денес би бил твојот последен ден од животот, дали би сакал да го работиш она што денес го работиш. И кога одговорот неколку пати по ред ќе гласи НЕ, јас ќе знам дека е потребно нешто да се промени.

– Убеден сум дека отприлика половина од она што ги одвојува успешните претприемачи од неуспешните е само упорноста.

– Сакам да оставам трага во универзумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП