3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТимот на Телеком и Т-Мобиле трчаше на Скопскиот Визер маратон за хуманитарни...

Тимот на Телеком и Т-Мобиле трчаше на Скопскиот Визер маратон за хуманитарни цели

telekom1

Вработени во Македонски Телеком и Т-Мобиле од Македонија, Црна Гора и Унгарија успешно трчаа на Скопскиот маратон, со што го исполнија условот за секој истрчан километар компанијата да донира по 1.500 денари за „Порака“ – дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.

Деветнаесет од вработените учествуваа на полумаратонот од 21 километар, а еден на маратонот од 42 километри со што вкупната донација изнесува 11.000 евра.

telekom2

Предизвикот и мотивот за сите нас беше огоромен успешно да ја завршиме трката. Иако на моменти не беше едноставно да се истрчаат потребните 21 км нашата решителност беше пресудна да издржиме до крај за да ја соберме највисоката сума на донацијата која ќе ја добијат лицата со интелектуална попреченост. Се надеваме нашиот подиг ќе биде пример и за останатите наши колеги бидејќи грижата за добробитта на граѓаните и заедницата е една од клучните филозофии на Македонски Телеком и Т-Мобиле“ – изјави Димитар Ковачевски, директор на комуникации во Македонски Телеком и учесник на маратонот.

Донацијата ќе се реализира преку Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје, што ги застапува правата и интересите на овие лица на територијата на град Скопје.

telekom3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП