3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France-KLM го зголеми патничкиот сообраќај за три проценти

Air France-KLM го зголеми патничкиот сообраќај за три проценти

air-france-klmuhy654ed

Француско-холандската авиокомпанија „Air France-KLM“ го зголеми патничкиот сообраќај во април за три проценти во однос на истиот месец минатата година, благодарение на Велигденските пазници кои оваа година календарски му припаднаа на месец април.

Бројот на патници во споменатиот период изнесувал 6,7 милиони, додека стапката на пополнетост на капацитетите е зголемена за 1,9 процентни поени, на 84,7 проценти, со раст на капацитетот од 0,7 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Спротивно на тоа, товарниот сообраќај во април забележа пад од 0,6 проценти, по растот од 2,7 проценти во март. Коефициентот на пополнетост на капацитетите е зголемен за 0,5 процентни поени, на 64,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП