28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголемува цената на нафтата по референдумот во Доњецк

Се зголемува цената на нафтата по референдумот во Доњецк

nafta1116

Терминските цени на нафтата се зголемија, откако проруските сили во источна Украина соопштија дека 89 отсто од избирачите на референдумот во Доњецк гласаа за независност.

Барел американска „лесна“ нафта за испорака во јуни поскапе на трговската берза во Њујорк шест центи на 100,05 долари за барел, додека истата количина на северноморската нафта од типот „брент“ за јунска испорака на берзата во Лондон чинеше 108,20 долари, односно 31 цент повеќе во споредба со минатонеделното работење.

– Поради опасност од ескалација на геополитички тензии внатре и надвор од Украина, залихите на нафта би можеле да бидат нарушени, изјави берзанскиот аналитичар на сингапурската компанија „ЦМЦ Маркетс“, Дезмонд Чуа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП