28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајбарани професии за во 2013 година

Најбарани професии за во 2013 година

Кои се најбараните професии за наредната година, кои од нив ќе бидат најплатени и колку бројот на овие експерти ќе расте во иднина, покажуваат најновите истражувања, кои за американскиот пазар, ги спроведоа „CareerBuilder“ и „Modeling Specialists Intl.“.

Според оваа листа на најбарани професии кои ги објави магазинот „Forbes“, убедливо „најдобри денови“ во наредната година ги очекуваат програмерите. Нивните годишни плати поминуваат, ни помалку ни повеќе, туку пет цифри, а бројот на отворени работни места за оваа професија, од 2010 година, порасна за околу 7 проценти. Во Америка просечната плата на програмерите изнесува дури 90,530 долари, и не зачудува прогнозата дека бројот на експерти за развој на софтвер, до 2020 година, ќе порасне за околу 30 проценти.

Во врвот на листата на најбарани професии се најдоа и сметководители и ревизори, како и маркетинг истражувачи и експерти, чии годишни плати за третина се пониски од оние на програмерите.

 

Според листата на „Forbes“, топ 18 професии за 2013 година се:

 

1.Softver developer (програмер)– од 2010 година бројот на работни места за оваа професија порасна за 7 проценти, а просечна плата е 90,530 долари годишно.

 

2.Сметководители и ревизори– од 2010 година, побарувачката е зголемена за 3 проценти, а просечната плата изнесува 61,690 долари на годишно ниво.

 

3.Маркетинг истражувачи и маркетинг специјалисти- од 2010 година, побарувачката е зголемена за 10 проценти, а просечната  плата е 60,570 долари годишно.

 

4.Аналитичар за информациони системи– од 2010 година, побарувачката е зголемена за 5 проценти.

 

5.Менаџери за човечки ресурси– од 2010 година, побарувачката е зголемена за 5 проценти.

 

6.Администратори за мрежи и администратори за информациони системи– од 2010 година, побарувачката за оваа професија е зголемена за 5 проценти.

 

7.Менаџери за трговија– од 2010 година, побарувачката е зголемена за 4 проценти.

 

8.Аналитичари за безбедност на информационите системи, веб инженери и дизајнери на информациони системи– од 2010 година, побарувачката е зголемена за 5 проценти.

 

9.Машински инженери– од 2010 година, побарувачката пораснала за 6 проценти.

 

10.Индустриски инженери– од 2010 година, побарувачката пораснала за 5 проценти.

 

11.Програмери– од 2010 година, побарувачката пораснала за 3 проценти.

 

12.Финансиски аналитичари- од 2010 година, побарувачката пораснала за 8 проценти.

 

13.Специјалисти за односи со јавност– од 2010 година, побарувачката пораснала за 4 проценти.

 

14.Менаџер за логистика– од 2010 година, побарувачката пораснала за 8 проценти.

 

15.Администратори на база за податоци– од 2010 година, побарувачката пораснала за 7 проценти.

 

16.Планери на настани– од 2010 година, побарувачката пораснала за 10 проценти.

 

17.Финансиски контролори– од 2010 година, побарувачката пораснала за 3 проценти.

 

18.Лични финансиски советници– од 2010 година, побарувачката пораснала за 3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП