28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Куба и се потребни 2,5 милијарди долари инвестиции

На Куба и се потребни 2,5 милијарди долари инвестиции

kubabuba;slp3ifr-3i4r3

На Куба и се потребни од две до 2,5 милијарди долари директни странски инвестиции годишно за да ја развие својата економија.

„Помал износ би го забавил економскиот развој, бидејќи растот во последните три години (бруто домашниот производ – БДП) не надминувал 3,2 проценти“, изјави потпретседателот на кубанската влада задолжен за економија Марино Муриљо.

Куба во март усвои нов закон за привлекување на странски капитал во земјата. Мерките предвидени со законот вклучуваат даночни олеснувања и имотни гаранции за странските инвеститори. Во него се дефинирани и процедурите и работното законодавство поврзано со проектите за финансирање од странство.

Законот официјално стапува на сила на крајот на јуни.

„На националната економија и е потребен годишен ритам на раст од пет до седум проценти“, изјави Муриљо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП