27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на Repsol

Зголемен профитот на Repsol

Repsol-Agrees-to-Sell-Brazilian-LPG-Business

Шпанската енергетска компанија Repsol„“ го зголеми нето профитот во првиот квартал за 27 проценти, и покрај прекинот на работењето во Либија.

Растот на профитот пред се е резултат на продажбата на дел од работењето со природен гас на „Royal Dutch Shell“.

Профитот во три месеци заклучно со март изнесувал 807 милиони евра, а во најголем дел придонесе растот на производството во Јужна Америка и растот на продажбата на гас во САД, пренесува агенцијата Франс прес.

Акционерите на шпанската компанија во март постигнаа договор со Буенос Аирес, кој се согласи да им исплати пет милијарди отштета поради финансиските загуби откако поранешната аргентинска филијала на „Repsol“, „YPF“ е национализирана. „Repsol“ изјави дека веќе го очекува првиот дел од исплатата.

Шпанската компанија минатата недела ги продаде последните 12 проценти од уделот во поранешната аргентинска филијала „YPF“ за 1,26 милијарди долари (900 милиони евра), две години откако контролата над таа компанија ја презема Буенос Аирес. По продажбата „Repsol“ задржа помалку од 0,5 проценти од уделот во аргентинската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП