28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска нема да може да го воведе еврото уште најмалку 15 години

Хрватска нема да може да го воведе еврото уште најмалку 15 години

hrvatrska eu

Поради неисполнети услови, Хрватска нема да може да го воведе еврото уште најмалку 15 години, оцени економскиот аналитичар од загрепскиот Економски Институт, Жељко Ловринчевиќ.

На конференција на Хрватскиот пазар на пари во Опатија, Ловринчевиќ рече дека поради високата евроизација на земјата, а неможноста да го воведе еврото, на Хрватска и останува целото тоа време да се „справува“ со ризикот на курсот.

Хрватскиот бруто домашниот производ ( БДП) оваа година ќе падне за 0,6 отсто, а следната ќе се зголеми за 0,7 отсто, додека јавниот долг до крајот на оваа година ќе изнесува 70 отсто од БДП. Во моментов се потребни околу 4,2 проценти од БДП за сервисирање на каматите на јавниот долг, со што Хрватска влегува во зоната на високо задолжени земји, рече Ловринчевиќ во анализата на економските случувања во земјата, нивните последици, можниот развој на настаните и можноста за решавање на кризата.

– Хрватска годишно создава околу пет проценти буџетски дефицит, а во зависност од стапката на инфлација ни треба минимум три проценти реален раст на БДП на годишно ниво само за отплата на камати, рече Ловричевиќ.

Тој, исто така, предвидува дека во наредниот период се повеќе ќе расте притисокот врз хрватската централна банка да учествува во репрограмирањето на јавниот долг. Според него, ако во Хрватска не дојде капитал, би можело да се случи Хрватите се повеќе да одат кон капиталот. Ловринчевиќ наведе некои елементи, како што рече, на можна економска и социјална евтаназија на Хрватска, ако дојде до негативното сценарио за стопански и економски случувања. Во овој контекст, тој рече дека рецесијата за Хрватска е пожелна состојба во која треба да се врати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП