28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank веќе не е најголемиот монетарен дилер

Deutsche Bank веќе не е најголемиот монетарен дилер

deutschebank2g

Водечката германска банка „Deutsche Bank AG“ беше поместена од лидерската позиција на најголем трговец на валути во светот, по девет години на доминација според овој индикатор.

Нејзиното место го превзема инвестициската банка „Citigroup Inc.“, според податоците на „Euromoney Institutional Investor“. Намалената нестабилноста на девизните пазари доведе до помали количини на трговија со еврото, а тоа било главната причина за загубата на лидерската позиција на „Deutsche Bank“.

Од „Citigroup“, кој за последен пат водеше во рангирањето во 2002-ра година, забележаа удел во девизното тргување во износ од 16.04 %, со што ја надмина активноста од 15.67 % на „Deutsche Bank“.

На трето место е „Barclays Plc“ со удел во девизното тргување од 10.91 %. Најголемите девизни дилери на пазарот, на кој дневниот промет изнесува 5,3 трилиони долари на ден, се соочуваат со намалување на приходите, по напорите на централните банки во светот да зајакнат регулацијата.

„Ние сме голема евробанка и не е корисно еврото да не е во фокусот во последните 18 месеци. Слична ниска нестабилност за толку долг период не сум видел во својата кариера. Што го предизвика зголемување на нестабилноста се уште не е јасно“, вели Кевин Роџерс, стратег во „Deutsche Bank“.

Еврото се тргува во најстрогите граници во однос на доларот од 1999-та година па наваму во последната недела од април, движејќи се помеѓу 1.3785 и 1.3855 за овој период. Тримесечната нестабилноста на двете валути се намали до 5.5475 проценти на 2-ри мај, што е најниско ниво од 2007-та година па наваму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП