5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТежок пад на профитот на Telefonica

Тежок пад на профитот на Telefonica

telefonicakdj38ry43743fgg43

Шпанскиот телекомуникациски гигант „Telefonica“ пријави остар пад на профитот во првиот квартал.

Падот, како што е соопштено, е последица на променливиот девизен курс на Латинска Америка, што значително го загрози работењето.

„Telefonica“ соопшти дека нејзиниот профит во првите три месеци од 2014 година, потонал за 23,3 проценти на годишно ниво, односно на 692 милиони евра, додека продажбата е намалена за 13,5 проценти на 12,23 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Валутната криза, особено депрецијацијата на бразилскиот реал, аргентинскиот пезос и венецуелскиот боливар, драстично ги намалија приходите на „Telefonica“, односно за цели 1,68 милијарди евра во овој период.

Лошите резултати исто така се последица и на продажбата на одделението на „Telefonica“ во Чешка, чија деловна активност од почетокот на годината е отстранета од сметките на групацијата.

Поради најновите резултати, акциите на „Telefonica“ се намалени за 2,91 процент, на 11,69 евра на берзата во Мадрид.

Сепак, кога ќе се искучат последиците од колебливиот девизен курс, хиперинфлацијата во Венецуела, продажбата на актива и регулаторните влијанија, „Telefonica“ соопшти дека нејзините приходи се зголемени за 1,5 проценти и дека успеала да го намали долгот за 2,66 милијарди евра на 42,72 милијарди евра до март оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП