28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот парламент го одобри буџетот

Грчкиот парламент го одобри буџетот

greekParliament

Грчкиот парламент го одобри буџетскиот план за периодот од 2015 до 2018 година, со кој се предвидува стабилен раст на БДП веќе во наредната година.

За усвојување на тој план гласаа 150 парламентарци, додека 119 беа против, а со него е планиран стабилен раст на БДП, односно од 0,6 проценти во оваа година на 2,9 проценти во 2015 година, пренесува агенцијата АП.

Невработеноста, според оваа програма, дури во 2016 година ќе се намали на 20 проценти од 27 проценти колку што изнесува во овој момент.

Откако се најде во рецесија во 2008 година Грција изгуби речиси една четвртина од својот БДП, а во замена за добивање на помош, оваа земја се согласи со острите мерки за штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП