27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБинго бум картичка му донесе автомобил Пежо 208 на тетовецот Трајчевски

Бинго бум картичка му донесе автомобил Пежо 208 на тетовецот Трајчевски

bum bum

Тетовецот Златко Трајчевски за својата среќна Бинго Бум картичка уплатена со 90 денари доби автомобил Пежо 208. Вчера на првиот ден од караванот на Државна лотарија на Македонија тимот на Државна лотарија на Македонија го посети Тетово, а пред продажното СРЕЌНО МЕСТО – Бартон, го додели автомобилот на среќното семејство Трајчевски.

Златко на инсистирање на сопругата уплатил Бинго Бум картичка, првпат во неговиот живот. Се одлучил за дури две картички, а една од нив е среќната која го донесе до Бинго Бум добивката.

Играта на среќа Бинго Бум се емитува секој понеделник на МРТ од 20:30 во емисијата Време за среќа во која за само 30 минути на играчите и гледачите им се нудат извлекувања на две игри на среќа БИНГО БУМ и ЛОТО5.

Во чест на обележување на четири години од пласирањето на првите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија организира карван со промоции во 15 градови низ Македонија. На промоциите граѓаните можат да учествуваат во игрите на среќа и добиваат подароци од Државна лотарија на Македонија и во специјалните кутии наменети за наградната игра да ги оставаат своите коверти со фискални сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП