28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе и даде на Белорусија кредит од две милијарди долари

Русија ќе и даде на Белорусија кредит од две милијарди долари

dolari

Русија на поранешниот советски сосед Белорусија ќе и додели овој месец кредит од две милијарди долари (1,4 милијарди евра).

Кредитот беше одобрен во рамките на подготовките Минск да го потпише договорот со Евроазиската економска унија, изјави белорускиот претседател, Александар Лукашенко.

„Се договоривме Русија да ни префрли две милијарди долари како што ни вети“, изјави тој по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, пренесува агенцијата Франс прес.

Официјален Минск уште во јануари доби руски кредит од 450 милиони долари.

Политички изолираната Белорусија во последните неколку месеци се соочи со влошување на економската ситуација, а нејзините девизни резерви се драстично намалени.

Според Лукашенко, Русија, Белорусија и Казахстан би требало на 29. мај да го потпишат договорот за формирање на Евроазиската економска унија, за чие основање се залага Москва со цел да го поврати влијанието на Русија меѓу поранешните членки на Советскиот сојуз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП