5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P: Подобри прогнози за Португалија

S&P: Подобри прогнози за Португалија

S&P1

Агенцијата за кредитен рејтин „Standard&Poor’s-S&P“ денес ја зголеми прогнозата за кредитниот рејтинг на Португалија на стабилна од негативна.

Агенцијата ги соопшти овие добри вести неколку дена откако Лисабон порача дека на 17. мај ќе излезе од програмата за помош на ЕУ и ММФ, какo и дека нема повторно да бара нова програма за помош околу презадолженоста, пренесува агенцијата Франс прес.

Кредитниот рејтинг на Португалија сеуште има неинвестиционен статус „ББ“. „ Економијата и пазарот на труд се подобруваат побрзо отколку што се очекуваше, со побрзото усогласување на буџетот“, наведува „S&P“.

Рецесијата минатата година беше поплитка од онаа која претходно беше прогнозирана, што му помогна на Лисабон да го намали буџетскиот дефицит на 4,9 проценти од БДП, во однос на целта од 5,5 проценти.

ММФ и ЕУ на Португалија во 2011 година и одобрија кредит од 78 милијарди евра, во замена за мерките за штедење, кои предизвикаа масовни протести.

Португалскиот јавен долг од 118 проценти од БДП, сепак, е еден од највисоките меѓу земјите чии кредитни рејтинзи ги оценува S&P„“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП