19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: Потврдениот рејтинг од S&P добар сигнал за нови инвестиции

Ставрески: Потврдениот рејтинг од S&P добар сигнал за нови инвестиции

stavre11

– Потврдениот стабилeн кредитен рејтинг на Македонија од агенцијата Стандард и Пурс е добар сигнал за нови инвестиции, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

– S&P е една од трите најголеми рејтинг агенции во светот и нивната потврда на кредитниот рејтинг која ни ја соопштија денеска е секако добар сигнал дека македонските политики се добро поставени вклучително нивото на долгот кое е оценето како умерено, фискалната политика, монетарната политика, банкарскиот сектор, но и подобрување на состојбите со невработеноста каде имаме намалување на невработеноста, изјави Ставрески, при денешната посета на Пробиштип.

На Македонија, посочи Ставрески, и е потврден рејтингот, во услови кога се намалува во други држави.

– Сето тоа помогна во вакви релативно тешки времиња, кога во други земји, како Хрватска, Украина, итн… се намалува рејтингот, на Република Македонија и е потврден рејтингот. Го задржавме стабилниот рејтинг и тоа е добар сигнал и за странските инвеститори, но и за домашните инвеститори дека може да сметаат на предвидливи и добри услови за работа, рече Ставрески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП