2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca Cola затвора две фабрики во Русија

Coca Cola затвора две фабрики во Русија

cola rusija

Kомпанијата „Сoсa сola“ ќе затвори две од четирите фабрики за сокови во Русија, а причината за тоа е помалата побарувачка, како и се поголемата популарност на домашните брендови.

Како што се наведува во соопштението на компанијата, двете фабрики во Новосибирск и Москва, купени пред четири години за 276 милиони долари, ќе бидат затворени до 1-ви јуни.

Работниците кои ќе останат без работа ќе можат да побараат работа во другите две фабрики кои и припаѓаат на руската подружница на „Сoсa Сolа“ – „Multon“.

Дел од производните капацитети на затворените фабрики до крајот на годината ќе бидат префрлени во „Multon“, огранокот кој Американците го купија во 2005-та година и чии производни капацитети се 790 милиони литри сок годишно.

Рускиот пазар на овошни сокови падна за шест проценти на годишно ниво во периодот од јануари-септември 2013-та. Покрај големиот пад на пазарот, „Сoсa Сola“ и „Pepsi“ се повеќе се соочуваат со зголемената конкуренција од руските национални брендови.

Според податоците на „Euromonitor“, „Сoсa Сola“ имала удел од 23,5 проценти на рускиот пазар на овошни сокови во вредност од 4.6 милијарди долари во минатата година. Додека „Pepsi“ имала 35,5 отсто. Двете американски компании забележале пад во однос на една година претходно, додека локалните производители го зголемиле својот удел на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП