6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на Punto ќе се произведува во Полска

Наследникот на Punto ќе се произведува во Полска

zamena punto

Според информациите кои овие денови се појавија, „Fiat“ ќе вложи 560 милиони евра во фабриката во Полска во која ќе започне производството на наследникот на „Рunto“ – моделот „500 Рlus“. Ова возило со пет врати се очекува да се појави на пазарот во 2016-та година, а во план е производство на 180.000 единици годишно.

„Fiat“ итно треба да најде замена за веќе застареното „Рuntо“, модел кој минатата година во Европа беше продаден во 103.000 примероци или 22 проценти помалку од пред една година.

Во овој сегмент владее „Ford Fiesta“ со продажба од 292.640 примероци, па „Fiat“ мора веднаш да реагира ако сака да остане во трка со конкуренцијата.

„Fiat“ во обновената фабрика ќе вработи 420 нови работници, а изворите велат дека дури 96 проценти од производство ќе биде наменето за извоз на странските пазари.

Моментално „Рunto“ се изработува во Италија, но „Fiat“ планира во тој погон веќе од следниот месец да започне производството на „Jeep Renegade“ и моделот „Fiat 500X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП