15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОперативната добивка на Allianz забележа пад од 2,9% за првиот квартал

Оперативната добивка на Allianz забележа пад од 2,9% за првиот квартал

allianz566

Најголемата осигурителна компанија во Европа „Allianz SE“ забележа пад од 2,9 % на оперативната добивка за првото тримесечје.

Падот е помал од тој што го очекуваа аналитичарите, а компанијата најави дека го задржува таргетот за добивката за целата година. Оперативната добивка на компанијата изнесува 2.72 милијарди евра за првиот квартал, во споредба со 2,8 милијарди евра за истиот период една година порано.

Првичните прогнози на аналитичарите за добивката изнесуваа во просек 2,6 милијарди евра. Нето добивка на компанијата се намали до 1.64 милијарди евра во споредба со 1,71 милијарди евра од пред 12 месеци.

„Allianz“ има за цел да постигне меѓу 9,5 милијарди евра и 10,5 милијарди евра оперативен профит во оваа година, во споредба со позитивниот резултат од 10,1 милијарди евра во 2013-та година.

Акциите на компанијата поевтинија за 0,3% до 123.65 евра на берзата во Франкфурт, зголемувајќи го опаѓањето на цената до 5,1 % од почетокот на годината, со што пак се определува пазарната капитализација на компанијата од 56,5 милијарди евра. Се очекува „Allianz“ да ги објави целосните резултати за првиот квартал на 14-ти мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП