13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТројно зголемен профитот на Deutsche Telekom

Тројно зголемен профитот на Deutsche Telekom

Deutsche telekom T mobile

Нето профитот на германскиот телекомуникациски гигант „Deutsche Telekom“ во првиот квартал е тројно зголемен, благодарение на 70-процентниот удел во порталот „Scout24“.

Сепак, профитот од работењето е намален поради големите инвестиции на „Deutsche Telekom“ во САД, пренесува Франс прес.

„Нето профитот од првиот квартал во износ од 1,8 милијарди евра е тројно поголем од профитот во истиот период претходната година“, наведув „Deutsche Telekom“.

Меѓутоа, кога ќе се земе во предвид продажбата на активата на компанијата, нето профитот всушност е намален за 23,5 проценти на 587 милиони евра, а профитот од работењето е намален за 3,9 проценти на 4,12 милијарди евра.

Тој пад, како што се наведува во соопштението, е последица на големите пазарни инвестиции во САД.

Приходите на „Deutsche Telekom“, од друга страна, се зголемени за осум проценти на 14,89 милијарди евра.

Што се однесува на идното работење, „Deutsche Telekom“ вели дека останува при неодамнешните прогнози за профитот за оваа година од 17,6 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП