4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНишто не може да ја запре Тојота

Ништо не може да ја запре Тојота

tojtoa nemoze nam niko nista

Најголемиот светски производител на автомобили „Тојота“ во минатата година оствари рекорден нето профит од 17.9 милијарди долари.

Меѓутоа, компанијата се соочува со масовен отповик на возила и проблеми во Индија, па поради тоа растот на профитот во оваа година би можел да забави.

Сепак, добрите резултати укажуваат на подобрување, не само за „Тојота“ туку и за конкурентските компании вклучувајќи ги „Нисан“ и „Хонда“, кои во 2013-та го зголемија нето профитот за 56.4 проценти.

„Toјота“ во финансиската година заклучно со март оствари профит од 17.9 милијарди долари, што е скоро двојно повеќе во однос на претходната година, додека приходите порасна за 16.4 проценти.

„Нашата заработка порасна благодарејќи на зголемената продажбата во Јапонија и Северна Америка, како и со кратењето на трошоците во целата групација“, вели претседателот Акио Тојода.

Јапонската компанија ја задржа лидерската позиција како најголем светски производител на возила со 9.98 милиони продадени автомобили, пред германски „Фолксваген“ и американски „Џенерал Моторс“, а во календарската 2014-та тие очекуваат да продадат 10 милиони автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП