КОМПАНИИ

Унгарската „Мол“ ги купи сите бензиски пумпи на италијанската компанија „Ени“ во Романија

mol3jd7676t879898e90e

Унгарската компанија „Мол“ ги купи сите 42 бензиски станици на италијанската компанија „Ени“ во Романија и сега има вкупно 189 бензиски пумпи.

Со тоа „Мол“ е на четврто место по број на бензиски станици во своја сопственост, објави весникот Економика.

Групацијата „Мол“ регистрирала лани нето продажба од 17,24 милијарди евра. Групацијата работи во 40 држави и има околу 29.000 вработени. Најмногу бензиски станици поседува Петром – 550, Ромпетрол 450 и Лукоил околу 300 бензиски станици.