ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на германското индустриско производство

Пад на германското индустриско производство

germanijauye7893ry67834y7r8y43yr43

Германското индустриско производство во март е намалено, поради падот на активностите во преработувачкиот и градежниот сектор.

Индустриското производство во март е намалено за 0,5 проценти, по растот од 0,6 проценти од февруари, наведува германското Министерство за економија, а пренесува агенцијата Франс прес.

Производствената активност е намалена за 0,4 проценти, а градежната за 2,2 проценти, додека производството на енергија е зголемено за 1,8 проценти.

На квартално ниво, за да се израмнат краткорочните флуктуации, индустриското производство во првиот квартал порасна за 1,2 проценти во однос на претходните три месеци, наведува Министерството за економија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП