23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо крајот на мај најавените инвестиции почнуваат со практична реализација

До крајот на мај најавените инвестиции почнуваат со практична реализација

investicii22222

Дел од компаниите кои во изминатите осум недели потврдија дека почнуваат инвестициски активности во Македонија ќе дојдат во земјава до крајот на месецов за да ги почнат активностите за реализација на своите проекти.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо информира дека со овие инвеститори се во секојдневна комуникација.

– На крајот на овој месец дел од инвеститорите ќе дојдат за да почнат не само со регистрација на фирма, туку и со процесот на ангажирање градежни и архитектонски фирми за да работат на подобрување на постоечките капацитети во случајот на КСС во Кичево и ОДВ Електрик во Охрид, но и за градба на нивните нови објекти во слободните економски зони, изјави Мизо.

Според него, се гледа дека има зголемена динамика годинава, за разлика од претходната година. Тој најави дека успешноста на целиот процес на привлекување инвестиции и во наредниот период ќе продолжи со зголемено темпо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП