17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГермански Henkel ем загрижен, ем профитира

Германски Henkel ем загрижен, ем профитира

henkel-wm

Германската компанија „Henkel“, производителот на детергентот „Persil“, ја задржа прогнозата за профит за целата година, по успешниот прв квартал.

„И покрај потешкотиите на пазарот, „Henkel“ добро ја започна 2014-та година, а сите сектори забележаа раст на приходот и профиот“, стои во соопштението на компанијата.

„Особено добри резултати забележавме на пазарите во развој. Сепак, негативното влијание на девизните курсеви се одрази на резултатите многу повеќе од минатата година“, изјави извршниот директор на компанијата, Каспер Рорштед.

Нето-профитот во трите месеци заклучно со март порасна за 13.2 проценти на годишно ниво или на 456 милиони евра, а профитот од работењето за 7.6 проценти или на 608 милиони. Приходите истовремено паднаа за 2.6 проценти на 3.92 милијарди евра.

„Не очекуваме ситуацијата со девизните курсеви во скоро време да се подобри. Економската средина ќе остане полна со предизвици, особено по развојот на состојбата во источна Европа, која доведе до нова неизвесност на пазарот. Поради тоа тешко е да се прогнозираат резултатите до крајот на годината“, вели Рорштед.

„Henkel“ пак ја задржа прогнозата за 2014-та која предвидува раст на профитот од работењето од околу 15.5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП