Британската банка „Barclays“ објави дека ќе укине 19.000 работни места во наредните три години.
Во истовреме, ќе биде основана „лоша“ банка на која ќе се префрли поголемиот дел од секторот на инвестициски бизниси и операции во Европа.
Банката соопшти дека ќе укине 7.000 работни места во својот проблематичен инвестициски сектор и ќе продаде средства вредни 115 милијарди фунти во рамките на сеопфатното стратешко реструктуирање.
„Barclays“, која беше во центарот на скандалот околу местењето на меѓубанкарската каматна стапка, исто така наведе дека вкупниот број на откази за оваа година ќе порасне на 14.000.
Оваа банка првично планираше во 2014-та да укине 12.000 работни места во светот од вкупната работна сила од околу 139.000 луѓе. Банката наведува дека 7.000 работни места во инвестициската гранка ќе бидат укинати до 2016-та.
„Ова е храбро поедноставување на „Barclays“. Ќе се фокусираме на меѓународно банкарство и ќе работиме само во областите во кои имаме добри услови и конкурентска предност“, рече извршниот директор на банката Ентони Џенкинс.