2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо жените можат да ја спасат Јапонија

Само жените можат да ја спасат Јапонија

japanwomanatwork564444

Бруто домашниот производ на Јапонија би можел да се зголеми за 12,5 проценти кога во таа земја би се намалил јазот меѓу половите, со што поголем број на жени би се вклучиле на пазарот на трудот.

„Доколку стапката на вработеност кај жените во 2013 година од 62,5 проценти би ја достигнала стапката на вработеност кај мажите од 80,6 проценти, со тоа бројот на вработените би се зголемил за 7,1 милиони нови работници“, се наведува во извештајот на „Goldman Sachs“.

Како што се проценува, целокупното ниво на БДП на Јапонија би можело да се зголеми за дури 12,5 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе уште претходно изрази одлучност во врска со подобрата искористеност на женската работна сила.

Според него, жените до 2020 година би требало да сочинуваат 30 проценти од водечките позиции, што е, според оценката на аналитичарите, исклучително амбициозна цел, бидејќи таа стапка во моментов се движи околу 11 проценти во приватниот сектор, а во јавниот сектор дури е и пониска.

Стапката на наталитетот во Јапонија е една од најниските во светот (1,4 проценти), а се очекува, според најлошото сценарио, популацијата на оваа земја до 2060 година да биде намалена за цели 40 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП