26 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГолемината е важна: Потписот ни открива каков е шефот

Големината е важна: Потписот ни открива каков е шефот

tang_signature

Директорите кои се потпишуваат со голем потпис се егоистични и склони компанијата да ја водат кон пропаст, покажува резултатот од истражувањето спроведено врз 605 потписи на директорите на најголемите американски компании.

Студијата на Универзитеотт во Северна Каролина утврдила дека шефовите со поголем потпис имаат и поголема плата.

Авторите на студијата го дефинирале нарцизмот како егоистична карактерна особина поврзана со суетно и безчувствително однесување комбинирано со омаловажување на останатите. Овие особини ваквиот шеф го прават лош за донесување на одлуки.

Професорот Шон Ванг, еден од авторите на студијата, изјави дека 605 потписи биле пронајдени во годишните извештаи и останатите документи. Авторите се потпирале и врз претходните психолошки истражувања со кои исто така било утврдено дека поголемиот потпис значи и поголемо его.

Тие откриле дека нарцизоидните директори повеќе вложуваат во капитални инвестиции и аквизиции, но и дека исплаќаат пониска дивиденда.

Освен тоа, нарцизоидните директори покажале дека нивниот учинок бил најголем кога опкружувањето било неизвесно.

И покрај негативните односи меѓу нарцизмот и резултатите, сепак овие директори имале највисоки приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП