27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд Скопје со „Виз ер“ до 14 европски дестинации

Од Скопје со „Виз ер“ до 14 европски дестинации

wizz-air111

Нискотарифниот авиопревозник „Виз ер“, го објави зимскиот ред на летање за 2014 година за Македонија. Мрежата на унгарската компанија, која ги користи услугите на аеродромот „Александар Велики“ со кој раководи „ТАВ Македонија“, ќе вклучува вкупно 14 дестинации во осум различни земји.

Компанијата во зимскиот период ќе сообраќа до Париз, два пати неделно, до Ајндховен, Минхен и Лондон (по трипати неделно) и до Малме четири пати во текот на една седмица.

– „Виз ер“ со задоволство го претставува својот зимски ред на летање за Македонија. Бројни возбудливи дестинации, како Париз, Лондон и Малме, се веќе достапни по ниски цени од Скопје. Се надеваме дека нашите 14 интересни зимски летови ќе донесат многу насмевки во Македонија. Билетите за зимскиот распоред на патување за 2014 година веќе можат да се купат на нашата интернет-страница, вели претставникот на „Виз ер“, Даниел де Карваљо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП