4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавна лотарија на Македонија одбележа четири години постоење

Државна лотарија на Македонија одбележа четири години постоење

bingo-bum

Државната лотарија на Македонија одбележа четири години постоење. На 23 април 2010 година го означи почетокот со првите инстант лозови и играната среќа Ново Лото 7/34.

– Од тогаш до денес, Државна лотарија на Македонија пласираше над 20 различни игри на среќа, а во моментов актуелни се игрите на среќа: НовоЛото 7/34 со гарантиран фонд за 7-ка  од 6.000.000,00 денари, дополнителната игра Џокер на НовоЛото 7/34 со гарантиран фонд за Џокер со 6 погодоци од 600.000,00 денари, Лото5 со гарантиран фонд за 5-ка од 500.000,00 денари, Дополнителната игра Џокер Лото5 со гарантиран фонд за Џокер до 6 погодоци 300.000,00 денари, БИНГО БУМ со гарантиран фонд за Макси Бинго од 2.000.000,00 денари, дополнителната игра Бинго Џокер со гарантиран фонд за Џокер со 6 погодоци од 300.000,00 денари, играта КЕНО која се приредува во соработка со спортски обложувалници и инстант
лотаријата со посебните продукти Среќни тркала, Детелинка, Смајли, Твингоманија, 7ма Брзина, Среќни коцки и Подарок кои нудат автомобили, скутери и парични добивки, наведуваат од компанијата.

Од декември минатата година Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерството за Финансии започна да ја приредува и наградна игра Фискална во рака -Награда без мака.

По повод четиригодишнината, Државна лотарија на Македонија за играта на среќа НовоЛото7/34 и шестото извлекување од наградната игра со фискални сметки организира карван со промоции во 15 градови низ Македонија.

На промоциите граѓаните ќе можат да се дружат со водителите на игрите на среќа Марјана, Викса и Маја, да се забавуваат, да учествуваат во игрите на среќа и добиваат подароци од Државна лотарија на Македонија и во специјалните кутии наменети за наградната игра да ги оставаат своите коверти со фискални сметки.

Промоцииите ќе се одвиваат од 11 до 16 часот пред продажните места обележани со знакот СРЕЌНО МЕСТО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП