26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФАО: Сушите во Јужна Америка ќе предизвикаат недостиг на храна во светот

ФАО: Сушите во Јужна Америка ќе предизвикаат недостиг на храна во светот

susha

Сушите и високите температури, предизвикани од климатските промени во Јужна Америка, која е главен производител на житни култури во светот, ќе влијаат врз безбедноста на резервите на храна на глобален план, апелира Организацијата за храна и земјоделство ма ОН (ФАО).

– Тука не станува збор за иднината, туку за сегашноста и последиците ќе бидат многу поголеми, отколку што мислиме, изјави Хозе Грасијано Да Силва, генерален директор на ФАО, која во главниот град на Чиле, Сантијаго, го одржува своето 33-то регионално заседание.

Тој посочи дека континуираните суши, како тие во јужниот дел на Бразил, се знак дека климатските промени дејствуват со голем интензитет.

– Несигурноста околу тоа што ќе се случи со доставките на храна поради ефектот на глобалното затоплување врз Латинска Америка, ќе ги направи пазарите нестабилни и ќе се одрази врз цените, а државите ќе бидат принудени да ги обезбедуваат внатрешните недостатоци, со тоа што ќе се вратат кон некои заостанати политики, како таа за создавање на резерви за вонредни ситуации, истакна генералниот директор на ФАО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП