6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУспешен првиот квартал за Hugo Boss

Успешен првиот квартал за Hugo Boss

Hugo-Boss-004

Германската модна куќа „Hugo Boss“ наведува дека успешно ја започнала 2014 година, па ја задржа прогнозата за раст на профитот и приходите на ниво на цела година.

Во првите три месеци, нето профитот е намален за еден процент на 80,7 милиони евра, а профитот од работењето за два проценти на 108,7 милиони, додека приходите се зголемени за три проценти на 612,6 милиони евра, пренесува агенцијата Франс прес.

„Добрите резултати во Европа ги надоместија проблемите од предизвикувачките пазарни услови во Северна Америка и Кина. Компанијата во 2014 очекува поголем раст на продажбата во однос на претходната година“, изјави извршниот директор на компанијата Клаус Дитрих Ларс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП