11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNintendo после три години се враќа во зоната на профитот

Nintendo после три години се враќа во зоната на профитот

nintendoje3nuir74tf7g

Јапонскиот производител на видео игри „Nintendo“ за фискалната 2014/2015 година предвидува конечен повраток во зоната на профитот, по три фискални години завршени со загуба, благодарение на новите конзоли „Wii U“.

За фискалната година која завршува на крајот на март 2015 година, оваа јапонска компанија очекува 40 милијарди јени (238 милиони евра) оперативен профит, што е далеку над просечните очекувања на финансиските експерти (21,2 милијарди јени), пренесува Ројтерс.

Во фискалната 2013/2014, завршена на крајот на март, „Nintendo“ забележа оперативна загуба од 46,43 милијарди јени.

Компанијата предвидува дека во тековната фискална година ќе продаде 3,6 милиони конзоли „Wii U“, во однос на 2,72 милиони колку што продаде во фискалната 2013/2014.

Исто така, „Nintendo“ очекува дека ќе продаде 12 милиони конзоли од „3DS“ во однос на 12,72 милиони во претходната фискална година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП