3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на францускиот трговски дефицит

Раст на францускиот трговски дефицит

francuziukrainaprotiv56

Францускиот трговски дефицит во март порасна на 4,94 милијарди евра, што главно се должи на растот на увозот на енергија и суровини за фармацевтската индустрија, покажуваат податоците на Царинската управа.

Во февруари трговскиот дефицит, според конечните, ревидирани податоци, изнесувал 3,77 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на годината, до крајот на март, дефицитот се искачил на 14,4 милијарди евра, во однос на 15,7 милијарди евра една година претходно.

Во извештајот на Царинската управа се додава дека во март е заблежан мал раст на извозот, на 36,4 милијарди евра, во однос на 36,2 милијарди евра од претходниот месец, додека увозот е зголемен од 39,9 на 41,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП