3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Hannover Re останува речиси без промена

Добивката на Hannover Re останува речиси без промена

hannover re

Третата најголема компанија за реосигурување во светот „Hannover Re“ објави дека профитот за првиот квартал останува речиси непроменет. Позитивниот резултат на компанијата се зголеми до 233 милиони евра во споредба со 231 милиони евра од пред една година.

Прелиминарните очекувања на аналитичарите за профитот беа во износ од 217 милиони евра, покажува истражувањето на „Bloomberg“. Добивката на компанијата, која им помага на основните осигурениците да го ограничуваат ризикот, е ставена под притисок, бидејќи цените на реосигурување паѓаат втора година поред и тоа поради помалиот од просекот број на побарувања поврзани со природните катастрофи и на зголемената конкуренција.

„Hannover Re“ која потврди дека за целата година очекува околу 850 милиони евра профит, најави дека големите загуби за кварталите биле под просекот и биле исти како во 2013-та. Единствената голема загуба на реосигурување е поврзана со исчезнатиот малезиски авион, за кој „Hannover Re“ одвои резерви во износ од 30.6 милиони евра.

Акциите на „Hannover Re“ кои ја проценуваат компанијата на околу 8 милијарди евра, поскапеле за 7% во оваа година. „Talanx AG“, која е третата најголема германска осигурителна компанија, поседува 50,2 % од „Hannover Re“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП