2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина Босна и Херцеговина е без работа

Половина Босна и Херцеговина е без работа

bosnanevraboteni5698597464gs

Во Босна и Херцеговина на крајот на март на Бирото за вработување биле пријавени 552,452 лица, а стапката на невработеност изнесувала 44,5 проценти.

Во однос на февруари стапката на невработеност е помала за 0,8 проценти.

Истовремено за 5,440 граѓани престанал работниот однос, додека работодавците за првите три месеци од оваа година пријавиле потреба од 2,999 нови работници.

Најмногу има квалификувани работници кои бараат работа, односно 34,59 проценти, следат неквалификуваните – 27,88 проценти, и граѓаните со средно стручно образование, односно 26,16 проценти.

Во март се вработиле 8,383 лица, но бројот на оние кои користеле паричен надомес е зголемен во однос на истиот период минатата година.

Се претпоставува дека бројот на невработени ќе се намали во текот на летниот период поради сезонските работни места, кога најбарани се угостителските работници и градежниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП