2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамарас: Грција повеќе нема да бара помош

Самарас: Грција повеќе нема да бара помош

Antonis Samaras

Грчкиот премиер Андонис Самарас синоќа изјави дека неговатаземја повеќе нема да бара помош од фондовите за спас и најави почеток на процесот заукинување на даноците што беа воведени како дел од мерките за штедење.

Во интревју за грчката телевизија Антена, Самарас нагласи дека економската состојба воГрција се стабилизира и дека на земјата повеќе не и е потребна меѓународна помош, подобиените 240 милијарди евра од еврозоната и Мешународниот монетарен фонд.

Самарас најави и дека во текот на оваа година Владата планира да почне со постепеноукинување на дополнителните даноци, што беа воведени како дел од мерките за штедење,чие спроведување беше услов за добивање меѓународна помош.

Ваквите најави на Самарас доаѓаат во пресрет на изборите за членови на Европскиотпарламент кон крајот на овој месец, за кои, според анкетите, се води мртва трка за победамеѓу неговата конзервативна партија Нова демократија и опозициската Коалиција нарадикалната левица (Сириза).

Евентуална победа на Сириза и слаб резултат на помалиот партнер во владината коалиција,Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), би можело да го зголеми притисокот за оставкана Владата и за организирање предвремени парламентарни избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП