7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank се врати на патот на профитот

Commerzbank се врати на патот на профитот

datacommerzbankodpk093ur

Втората по големина банка во Германија „Commerzbank“, во првиот квартал се врати на патот на профитот и продолжи со програмата за реструктуирање во време на тешките пазарни услови.

Во три месеци заклучно со март, банката оствари нето профит од 200 милиони евра во однос на загубата од 98 милиони во истиот периoд минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Поради реструктуирањето и продажбата на дел од средствата, профитот од работењето е намален за 30 проценти на 324 милиони евра, а приходите се намалени за 7,9 проценти на 2,26 милијарди евра. Извршниот  директор на „Commerzbank“ Мартин Блесинг сепак изјави дека банката е на многу добар пат.

„Евидентиравме раст на бројот на клиенти, кредити и средства со кои управуваме. Во стратешкото работење со клиентите, задоволни сме со успехот“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП