27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолф опремата го намали профитот на Adidas

Голф опремата го намали профитот на Adidas

Adidas-Golf

Германскиот производител на спортска опрема„Adidas“ во првиот квартал од оваа година оствари профит помал од очекуваниот.

Причината за ваквиот пад е малата продажба на опремата за голф, марката „TaylorMade“, како и преценетоста на еврото.

Во првите три месеци од 2014-та, овој втор светски производител на спортска опрема, забележа пад на нето профитот од 34 проценти или 204 милиони евра, додека аналитичарите предвидуваа во просек 218.8 милиони, се наведува во соопштението кое го пренесува францускиот весник „Сapital“.

Приходите од продажбата во исто време се намали за шест проценти или на 3.53 милијарди евра, додека според консензусот на аналитичарите требало да достигне износ од 3.61 милијарди евра.

Повеќето од производите на овој германски гигант забележаа пад во продажбата. Само дивизијата за опрема за голф дојде до пад во продажбата од 38 проценти на годишно ниво и тоа поради употребата на големи попусти.

Овие разочарувачки резултати претставуваат притисок врз генералниот директор на компанијата, Херберт Хајнер кој ја потврди прогнозата за 2015-та, која пазарот сепак ја оценува како премногу амбициозна.

Во „Adidas“ се надеваат на приходи од 17 милијарди евра за следната година, со оперативна маржа од 11 проценти. Аналитичарите во исто време проценуваат дека приходите на „Adidas“ во 2015-та ќе изнесуваат 15.9 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП