28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat ќе го враќа во живот брендот Alfa Romeo

Fiat ќе го враќа во живот брендот Alfa Romeo

Fiat-Alfa-Romeo

Италијанскиот автомобилски концерн „Fiat“ соопшти дека ќе инвестира околу пет милијарди евра до 2018-та година во преродбата на луксузната марка „Alfa Romeo“ со осум нови планирани модели.

Дел од производството (моторите), како и составувањето на новите модели ќе бидат извршени во Италија, прецизираат од„Fiat“ во стратешкиот план за 2013-2018 година, кој го претставија на инвеститорите во Обурн Хилс, државата Мичиген. Компанијата за три пати ќе го зголеми бројот на инженерите кои ќе работат на моделите од 200 на 600 до 2015-та година, покажуваат документите објавени на сајтот на нејзината американска подружница „Chrysler“.

Производството на првиот модел, кој во моментов е во фаза на развој ќе започне во вториот квартал на 2015-та година, а останатото ќе следи меѓу 2016-та и 2018-та година, се наведува во стратешкиот план на компанијата.

Таа се надева дека ќе произведува по 400.000 автомобили „Alfa Romeo“ од 2018-та година во однос на 74.000 кои ги имаат во моментов. „Fiat“ веќе најави дека планира да ги врати позициите во секторите на луксузните и рентабилни автомобили преку марките „Alfa Romeo“, „Maserati“ и „Jeep“.

Концернот соопшти дека сака да го удвои производството на џипови до 2018-та година со отворањето на нови фабрики и акцент главно врз Кина, водечкиот автомобилски пазар во светот. Продажбата на автомобили од марката „Fiat“ ќе се зголеми од 1.3 милиони единици во моментов до 1,9 милиони до 2018-та година, додадоа од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП