23 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален трговскиот дефицит на САД

Намален трговскиот дефицит на САД

sadamerikawef6w4e6f4e64few

Трговскиот дефицит на САД во март е намален, благодарение на скокот на извозот на второто најголемо ниво досега, соопшти американското Министерство за трговија.

Трговскиот дефицит на САД е намален на 40,4 милијарди долари, што е за 3,6 проценти помалку во однос на февруарскиот дефицит од 41,9 милијарди долари, пренесува агенцијата АП.

Американскиот извоз во март порасна за 2,1 проценти на 193,9 милијарди долари, додека извозот во Канада и Јужна Кореја достигна историски максимум. Увозот, исто така, се зголеми, но со побавно темпо од 1,1 проценти на 234,3 милијарди долари, и покрај зголемениот увоз на мобилни телефони, облека и друга стока од широка потрошувачка.

Понискиот трговски дефицит ќе поттикне економски раст, бидејќи тоа значи дека американските компании заработуваат повеќе од нивната продажба во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар