11 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer купува дел од Merck за 14,2 милијарди долари

Bayer купува дел од Merck за 14,2 милијарди долари

e

Германскиот хемиски и фармацевтски гигант „Bayer“, производител на лекот „Aspirin“, вчера соопшти дека ќе го купи секторот за здравје на потрошувачите од американската фармацевтска компанија „Merck“ за 14,2 милијарди долари.

Германската групација наведува дека аквизацијата претставува голема пресвртница на нејзиниот пат да стане глобален лидер во атрактивната област на лековите кои се издаваат без лекарски рецепт, пренесува агенцијата Франс прес.

„Bayer“ соопшти дека со ова купување ќе стане лидер во Северна и Латинска Америка кога станува збор за малопродажните производи за кои не е потребен рецепт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП