2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРахој: Го прекинавме трендот на пад на вработеноста

Рахој: Го прекинавме трендот на пад на вработеноста

rahoj marijanojdsl3h748ry34

Премиерот на Шпанија Маријано Рахој со оптимизам денес ги коментираше новите податоци кои покажаа дека невработеноста во април во оваа земја е намалена.

Бројот на регистрираните невработени лица во Шпанија е намален за 111.565 на 4,69 милиони лица минатиот месец во однос на март, наведува Министерството за труд во Мадрид, пренесува агенцијата Франс прес.

Тоа беше најголемиот пад во месец април, од кога постои евиденцијата за невработеноста во Шпанија, наведува Министерството.

„Оптимистичен сум во врска со иднината бидејќи верувам дека го прекинавме трендот на пад на вработеноста и веќе се движиме во позитивна насока“, наведува Рахој.

Според сезонски прилагодените податоци, бројот на невработени во април е намален за 50,202 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП