9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на јавниот долг на Хрватска на 69 проценти од БДП

Раст на јавниот долг на Хрватска на 69 проценти од БДП

M

Јавниот долг на Хрватска минатата година порасна за 10 проценти, а до крајот на оваа година би можел да достигне 69 проценти од бруто домашниот производ (БДП), проценува Европската комисија.

Според оваа прогноза хрватскиот БДП во оваа година ќе забележи пад од 0,6 проценти, додека скромното закрепнување на економијата ќе биде забележано наредната година.

Буџетскиот дефицит, според прогнозите на Европската комисија, би требало да биде намален во однос на минатата година на ниво од 3,8 проценти од БДП, пренесуваат хрватските медиуми.

Стапката на невработеност, која минатата година во Хрватска изнесуваше 17,2 проценти оваа и наредната година ќе се зголеми на 18 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП