28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова филијала на Халкбанк во центарот на Кочани

Нова филијала на Халкбанк во центарот на Кочани

ax

На атрактивна локација во центарот на Кочани денес беше свечено отворена новата, 30-та по ред филијала на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје во земјава. Ова претставува уште еден успешен чекор на оваа институција која продолжува да ја зголемува својата присутност и достапност, со цел континуирано и квалитетно да одговори на секојдневните банкарски потреби на граѓаните и стопанството.

Преку новата филијала во Кочани, банката овозможи полесна и поедноставна комуникација со своите клиенти од овој регион како и можност за квалитетно опслужување на новите и потенцијални клиенти.

as

На свеченоста по повод отворањето на новата филијала пред присутните се обрати главниот извршен директор на Банката, г. Неџдет Палакчи. Тој повторно го изрази своето задоволство од проширувањето на мрежата на филијали низ Македонија и вети дека овој тренд на раст и зголемена достапност ќе продолжи и во иднина. На настанот присуствуваше и г-динот  Ратко Димитровски – Градоначалник на Општина Кочани, како и важни деловни клиенти на Банката .

Во новата филијала ќе бидат достапни сите производи и услуги на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје: штедни влогови, платен промет во земјата и станство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA, MasterCard, Maestro и Pay Pass платежни картички и др.

az

На македонскиот пазар ХАЛКБАНК А.Д. Скопје стана претпознатлива по тоа што нуди постојана економска и општествена поддршка, а истовремено и по тоа што воведува иновативни производи и решенија. Со воспоставување на сопствен оперативен центар за картички, Бонус програмата и нови услуги во делот на кредитни картички, со презентација на новите модели на ПОС терминали на пазарот како и со зајакнување и проширување на мрежата на банкомати, ХАЛКБАНК се повеќе се доближува до своите клиенти со квалитетни и ефикасни услуги. Во таа насока банката ќе продолжи и во иднина преку отворање на нови филијали и преку унапредување на услугите во доменот на интернет банкарството.

ХАЛКБАНК А.Д. Скопје во последните две години бројот на филијали го зголеми од 21 на 30 во вкупно 16 градови во државата. На овој начин продонесе за континуиран раст и нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП