ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Barclays порасна за 15 проценти

Профитот на Barclays порасна за 15 проценти

barclayssw3

Британската банка „Barclays“ во првиот квартал го зголеми профитот за 15 проценти и тоа благодарејќи на малопродажното банкарство, кредитните картички и бизнис банкарството.

Заработката пред оданочување во трите месеци заклучно со март порасна на 965 милиони фунти (1.6 милијарди долари), во однос на 839-те милиони фунти во истиот период од минатата година, објавија од банката.

„Barclays“ сепак наведува дека, доколку се земе во предвид вредноста на долгот на банката и средствата за надомест на штетата на потрошувачите на кои им се продавани финансиски производи со сомнителен квалитет, профитот пред оданочување се намалува за пет проценти или на 1.69 милијарди фунти.