4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд: Понудата на „Џенерал Електрик“ за „Алстом“ е неприфатлива

Оланд: Понудата на „Џенерал Електрик“ за „Алстом“ е неприфатлива

oland2

– Францускиот претседател Франсоа Оланд оцени дека понудата на „Џенерал Електрик“ (ГЕ) за купување на дел од француската компанија „Алстом“ е „не доволна“, јави дописникот на МИА од Париз.

– Денес располагаме со доволно средства за да извршиме притисок, со цел на крајот од процесот, нештата бидат добри за „Алстом“, за француската индустрија и добри за енергетскиот диверзитет, рече Оланд.

– Понудата не е доволна и таа е неприфатлива, откри францускиот претседател, потврдувајќи ја веста која беше објавена доцна синоќа дека министерот за економија Арно Монтебург ја оценил понудата на американската копанија како недоволна.

Според Оланд, задача на државата е да добие одговори на сите прашања и да го заштити националниот интерес. Притоа тој ја оправда интервенцијата на француската држава во овој случај со потсетување дека државата има јавни нарачки во „Алстом“.

Американската ГЕ сака да го купи енергетскиот дел на „Алстом“, кој претставува 70 проценти од претпријатието, со 14,8 милијарди евра на обрт во текот на 2012 и 2013 година.

Француската Влада бара од ГЕ да ја зголеми понудата, додека американската компаниа тврди дека е подготвен за дијалог.

Во меѓувреме и „Сиеменс“ излезе со своја понуда која е проценета на околу 10,5 до 11 милијарди евра и во замена го дава својот сектор за прозиводство на метроа и возови, но германската група нема поднесено дефинтивна понуда како ГЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП