10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa ја намали загубата во првиот квартал

Lufthansa ја намали загубата во првиот квартал

lufthansa9692351015368ac87028e2642435842_640x383

Најголемиот германски авиопревозник „Lufthansa“ ја намали загубата во првиот квартал од оваа година и ја задржа прогнозата за цела година, и покрај опкружувањето исполнето со многу тешкотии.

„Lufthansa“ во првите три месеци од 2014 година евидентираше нето загуба од 252 милиони евра, во однос на загубата од 458 милиони во истиот период минатата година, малку надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, пренесува агенцијата Франс прес.

Загубата од работењето исто така е намалена, на 245 од 359 милиони евра, додека приходите се намалени за 2,5 проценти на 6,46 милијарди евра, делумно поради силното евро.

„Ова е прв квартал со подобри резултати во периодот на тешко деловно опкружување“, изјави финансискиот директор Симон Мене.

„Lufthansa“ го намали бројот на вкупните летови за 1,2 проценти, благодарение на модернизацијата на флотата и употребата на поголеми авиони. Компанијата наведува дека и понатака очекува профит од работењетo од 1,3 до 1,5 милијарди евра во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП