23 јуни, 2025
ПочетнаКАРИЕРАПроверете дали правилно сте го напишале вашето CV

Проверете дали правилно сте го напишале вашето CV

curriculum_vitae_iStock_000017677382XSmall

Сте го напишале вашето CV и задоволни сте со успешно завршената задача.

Сепак, не сте потполно сигурни каков впечаток тоа ќе му остави на работодавецот и сакате да бидeте сигурни дали добро сте ја завршиле работата.

 

Прашања за проверка на формата:

– Дали должината на вашето CV е до 2 страници, за да не го заморува читателот со неговата должина?

– Дали користевте помалку од 3 различни видови на фонт, за да не биде премногу „шарена“ и непрегледна?

– Дали користевте просечна големина на фонтот која не е и ниту премала ниту преголема за читање (од 10 до 12)?

– Дали користевте помалку од 2 бои на фонтот, со цел таа да не биде шарена?

– Ако CV-то е на 2 страни, дали првата ги истакнува најважните информации за работата за која конкурирате?

 

Прашања за проверка на содржината:

– Дали наведовте точни контакт податоци (телефон и e-mail), за да може работодавецот да ве контактира или извести за резултатите?

– Дали вашето образование и работно искуство ги наведовте хронолошки (со наведување на временскиот период), почнувајќи од последното, за вашиот потенцијален работодавец да има увид во вашиот професионален развој?

– Дали вашите вештини ги наведовте по важност, нагласувајќи ги оние кои можат да ви осигураат работа, со цел да го заинтересирате работодавецот?

– Дали ги наведовте сите вештини и искуство кои ги поседувате, а кои можат да бидат значајни, со цел да ги зголемите вашите шанси за влагување во вториот круг на селекцијата?

– Ако доставивте фотографија, дали е таа професионална и сериозна (без фотографии од свадба, фотографии на кои се гледа дека некој друг е отсечен, фотографии на кои сте намуртени, несоодветно облечени и слично)?

Кога одговарате на прашањата внимавајте на оние на кои сте дале негативен одговор бидејќи тоа се аспектите во вашата биографија каде можете да се подобрите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар