17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар: Кредиторите го проверуваат исполнувањето на условите

Кипар: Кредиторите го проверуваат исполнувањето на условите

kiparEvrafke943

Меѓународните кредитори се вратија на Кипар за да проверат дали државата се придржува до условите за добивање на финансиска помош од десет милијарди евра.

Официјалните претставници на ЕУ и Меѓународниот фонд денес започнаа со разговорите со кипарските власти. Во текот на претходните три мисии беше утврдено дека програмата се спроведува во согласност со договорот.

Клучните области на кои се фокусираа кредиторите се здравјето на банките, кои се оптеретени со голема количина на лоши кредити, како и на напредокот во спроведувањето на структурните реформи, пренесува агенцијата АП.

Условите за исплата на финансиска помош најтешко ги погодија кипарските банки, бидејќи со програмата за надоместок на загубата делумно беа опфатени и депозитите во двете најголеми банки.

Владата поради тоа воведе стриктна контрола на протокот на капитал во банкарскиот сектор, а повеќето од тие ограничувања во меѓувреме се укинати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП